За Марко Слаткар не важи правилото дека Охрид најчесто се посетува во лето, тој реши да ја почувствува убавината на македонскиот бисер и среде зима.
Имено, Слаткар на својот Фејсбук профил објави фотографија на која покажа каква возбудлива случка му приредија охриѓани, но и тој нив.
Шетајќи се по охридската чаршија, забележа дека за најхрабрите има можност за покачување на адреналинот и тоа ни повеќе, ни помалку, туку со змии. Не една, туку две – за поголема возбуда и да покаже дека тој не се плаши од ова суштество до кое поголемиот дел немаат храброст ни да се приближат.
Тоа им го привлече вниманието на случајните минувачи, кои не можеа да го задржат погледот кон раперот и да ја видат неговата храброст, изведена среде Охрид.
Инеку, периодов Марко подготвува нешто ново во студио, а тоа дека освен на својата кариета, турбо работи и за други, покажа со тоа што неодамна направи песна на струмичанката Александра Јанева, насловена „Бам бам“.
Дека е инспириран и има доста да ослободи од себе, е јасно, а како ќе звучи, останува да почекаме…