Дарко Лазиќ претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај се спаси.
По долго лекување, пејачот полека оздравува и се враќа на секојдневните активности.
По долго време, Лазиќ повторно се фати за микрофонот и повторно запеа.
Имено, Дарко правеше проба, а овој момент го забележа со телефон и видеото се појави на социјалните мрежи.
За потсетување, Дарко оваа година ќе стане татко по втор пат, односно тој и неговата свршеница Марина Гагиќ чекаат бебе.