Амерканскиот актер Крис Пат неодамна ја запроси ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин, а момачката вечер која ја прославил во стриптиз бар потрошил 5 000 евра.
Како што пренесува британскиот „The Sun“ за него пристигнувале најскапиот шампањ и виски, а прославата била во познат лондонски клуб.
Извор за британските медиуми изјавил дека актерот ја искористил паузата за снимањето на филмот за да излезе со пријателите.
„Во еден момент на сцената се појави секси русокоса, стриптизета, која му се допадна. Почна да се разговара за неа, а во еден момент се пошегува дека ќе ја ожени“ вели извор за „The Sun“.
За потсетување, Прат неодамна се сврши со ќерката на Шварценегер, а на социјалните мрежи објави заедничка фотографија на која неговата партнерко го носи свршеничкиот прстен.