Радио Милева

Да се наежиш: Жељко Самарџиќ откри емотивна анегдота од почетоците на кариерата на Тоше

Да се наежиш: Жељко Самарџиќ откри емотивна анегдота од почетоците на кариерата на Тоше

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ на 16-ти февруари ќе настапи во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје и пред македонската публика ќе ги отпее своите стари и нови хивотови.

По тој повод, тој е чест гостин во Скопје, а се почесто можеме да го видиме на телевизија каде пред камерите го најавува својот голем концерт.

фото:принтскрин/јутјуб/тв24

Деновиве беше на гости и кај водителката Елена Стефановска во емисијата „Живот со стил“, каде раскажа многу за неговата кариера, приватноста, новиот имиџ, а се присети и на спомените кои ги има за нашиот Тоше Проески.

Жељко раскажа досега неслушната анегдода од почетоците на кариерата на Тоше и тоа како тие се запознале.

фото: Blogger.ba

Случајно се запознав со Тоше. Зет му беше со него. Подоцна дознав дека тоа му бил зет. Имав концерт во Охрид. Бевме во некоја пицерија. Ми пријде зетот.Ме праша дали млад пејач може да се запознае со мене. Се запознавме, тој ми даде касета како подарок. Кога одевме, ја ставив касетата во комбето и бев фрапиран. Реков дека тоа дете е вонсериски пејач. Сите се согласија со мене. Следната година настапував на Сунчане Скале во Херцег Нови, се појавува момче, јас не ги запомнив ни името ни презимето. Бев третопласиран, потоа едно момче кое ја доби втората награда и потоа групата „Макадам“. Ми кажа дека е од Македонија. Му кажав дека сум запознал најдобар пејач од младите и дека би сакал кога-тогаш да го сретнам. Не можам да се сетам на името. Одговори дека е тој. Јас сум Тоше. Го прегрнав! Оттогаш станавме добри другари, редовно се слушавме по телефон.бев на неговиот концерт во Белград како поддршка. На тој концерт тој кажа дека на осми март Жељко Самарџиќ има концерт во истата арена. Нема да поверуваш. Таа арена по неговиот концерт беше најпродаваната арена досега. Остана тоа сеќавање засекогаш како и фотографијата која ја имам со него, ја заврши Жељко приказната за нашата најголема музичка ѕвезда.

To top