Пред да ги имаат „KKW Бјути“ и „Кајли Козметикс“ производите, Ким, Kлои и Кортни Кардашијан го лансираа својот бренд „Кардашијан Бјути“ во 2013 година. Неколку години откако престанаа да дистрибуираат, добија 10 милиони долари.
Имено, компанијата со која тие соработувале во овој проект „Hillair Capital Management“ ги тужеа во 2016 година, кога сестрите, наводно, го прекршиле договорот и не ја промовирале оваа линија, што значително ослабнала продажбата и придонела за нејзиниот дебакл.
View this post on Instagram
Кардашијан брзо одговорија на обвиненијата, велејќи дека „Хилаир“ беше оној кој го раскина договорот. Тие требало да инвестираат големи пари во маркетингот, што не се случило, па така линијата не го постигнала планираниот успех. Сестрите планираа да добијат надомест од 200 милиони долари преку суд.
Неколку години подоцна, судот пресуди во корист на познатите сестри. На тужителите им беше наредено да платат 7,4 милиони долари, со дополнителни 3,2 милиони долари за оштета.
Сестрите засега не се огласија за ова.