Велат дека тетката е како втора мајка, само многу позабавна, а нашата пејачка Каролина Гочева ја има привилегијата максимално да ја ужива улогата и љубовта кон двете внуки од нејзината сестра – првата Луција и вората Инес.
Каролина секој слободен момент го користи за да ја посети родната Битола и семејството, особено за да помине време во малите принцези.
Познато е дека Каролина не многу сака да открива детали од приватноста, но кога станува збор за внуките, гордоста едноставно е посилна, па ретко може да додржи, а да не ги фотографира и напише нешто за нив.
View this post on Instagram
Таа деновиве е во Битола, но за промена, со малата Луција ги сменија улогите.
Овој пат внуката беше таа која се најде зад објективот на фотоапаратот, а тета и позираше.
Фотографиите пред шарените графити се одлични, а Луција очигледно ќе ја биде за фотограф.
Ова го констатираа и следбениците и обожавателите на Каролина кои и порачаа на тета дека Луција веќе го покажала својот талент.
фото:instagram/karolinagoceva