Радио Милева ноле ја лансирал?

Станија призна: Дружбата со Новак Ѓоковиќ ми помогна да станам позната (ФОТО)

Станија призна: Дружбата со Новак Ѓоковиќ ми помогна да станам позната (ФОТО)

Популарната старлета  Станија Добројевиќ само што се врати во реалното шоу „Задруга 2“, веднаш подигна голема прашина со своите изјави и признанија.

Сите знаат дека пред да стане позната, Станија студирала економија, а потоа отпатувала во Америка каде што работела. Студентските денови и биле пополнети 24 часа на ден, а таа исто така била омилена на факултетот, кај самиот наставен кадар. Во тие денови, таа ги води своите колеги на тениските натпревари на Новак Ѓоковиќ, додека тој сè уште не бил многу познат.

„Тие беа воодушевени од него, но  и со фактот дека бев многу добра со Новак, зашто по некои од неговите мечеви тој не викаше на заедничко дружење и тука почнаа да ме забележуваат папараците, кои ги има на секој агол во Америка. Почнаа да ми нудат зделки за некои фотосесии, што јас, како студент без скршена пара во џебот, едвај чекав да го пополнам мојот буџет “ –  беше искрена Станија.

Таа, исто така, зборуваше за нејзиниот интимен живот, па откри кога ја изгубила својата невиност:

„Мојот прв бакнеж се случи во седмо одделение во основно училиште, првата љубов во втора година средно, а невиноста ја изгубив на 18 години. Моето момче ме чекаше две години. Ние бевме од ист клас, исто годиште, и навистина се сакавме, а мојотата прва љубовна врска траеше околу пет години. Се разделивме на крајот од втората година на факултет, кога заминавме секој на своја страна“ –  изјави Станија.

To top