Радио Милева бурно и „жешко“

Ќе биде весело во „Задруга 2“: По Станија се враќаат и бившите, Александра Суботиќ и уште некој… (ФОТО)

Ќе биде весело во „Задруга 2“: По Станија се враќаат и бившите, Александра Суботиќ и уште некој… (ФОТО)

Во саботата вечер во “Задруга 2” пристигна Станија, која ТВ гледачите долго време ја чекаа! Сега се подготвува уште еден „ураган“, бидејќи следнава сабота по сѐ изгледа ќе биде одржан баражот.

Овие вести се пробија со брзина на светлината, па гледачите на ријалити шоуто веќе шпекулираат за тоа кој ќе добие втора шанса, за да се бори за вредната награда.

Се разбира, најчесто спомнувано е името на Александра Суботиќ, која сигурно ќе стори се’ за да ја расипе „идиличната“ врска помеѓу нејзиното довчерашно момче Давид Драгојевиќ и неговата нова љубов, а нејзина ривалка,  Ана Кораќ. Но, исто така се шпекулира дека во шоуто се враќа уште еден бивш љубовник.

Во прашање е Владимир Томовиќ, кој, според фановите на “Задруга 2” сега, кога неговата поранешна девојка Станија е одново во шоуто, и за него  мора да има место во Белата куќа. Како и да е, едно е сигурно: продолжението ќе биде весело, бурно и „жешко“!

To top