Поранешниот сопруг на Гоца Тржан, Иван Маринковиќ учествуваше во повеќе реални шоуа.
Најмногу внимание привлече кога во реалното шоу „Задруга“ направи бебе и заедно со Миљана Кулиќ и го добија синот Жељко.
Маринковиќ сношти се најде на полиграф каде што требаше да одговара на прашања од својот приватен живот.
На прашањето дали навистина се кае за врска со Миљана, тој одговори:
„Да. Се каам за што се направив, но тоа е. Се каам за врската со Миљана, но не се каам за бебето. За тоа не се каам бидејќи не е вредно за каење, туку напротив….Жалам што воопшто ја допрев таа личност“ одговори Маринковиќ.
На прашањето дали е точно дека повеќе ја сака ќерка му, Иван даде потврден одговор.
„Да, повеќе ја сакам ќерка ми и нема да зборувам зошто е тоа така. Јас кон тоа дете, на кое не се знае кој му е татко, а е запишано како мое, моментално не можем да имам чувства какви имам кон Лена и не знам што можам да кажам на таа тема“ вели Маринковиќ.
За потсетување, Иван и Гоца заедно ја има ќерката Лена.