Радио Милева

Анастасија Ражнатовиќ јавно ја пофали снаата Богдана, а откри и еден неочекуван детаљ(фото)

Анастасија Ражнатовиќ јавно ја пофали снаата Богдана, а откри и еден неочекуван детаљ(фото)

Свршеницата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана, веќе извесно време живее во вилата на Цеца Ражнатовиќ и нејзината идна золва Анастасија.

Синот на пејачката неколкупати за српските медиуми изјави дека и кога ќе се венча не планира да замине од домот на мајка си, каде планира да остане заедно со неговата сакана Богдана.

фото:инстаграм

Снаата веќе се чувствува како дома, а тоа го потврди и Анастасија која на својот Инстаграм од „стори“ приказните објави куса видео снимка од која ја пофали Богдана дека е вредна домаќинка додека таа им приготвува јадење во кујната.

Она што изненади е тоа што иако Богдана се уште не е во граѓански брак со Вељко, таа го користи презимето Ражнатовиќ, а така ја потпиша и Анастасија.

To top