Популарниот специјализиран сајт за ракомет „Балкан Хендбол“ денеска ги објави нивните бројки за посетеност во месец јануари и кај нив доминира Стојанче Стоилов.
Во нивната објава се наведува дека овој јануари бил втор месец по посетеност во нивната 12 годишна историја и тоа е така благодарение на Столе.
На прво место е колумната напишана пред натпреварот против Хрватска во која се опишува силниот карактер на нашиот ракометар. Во најчитаните текстови Стоилов ја држи и втората позиција.
Со пораката дека за него Македонија секогаш останува Македонија.
Извор:Република.мк