Пејачката Ана Севиќ за српски “Блиц”, признава дека сфатила како Даниел Недељковиќ е мажот во нејзиниот живот, но и тоа дека Дарко Лазиќ не ги потпишал документите за развод.
Ана Севиќ претходните месеци имаше многу турбулентен период, но кога Дарко Лазиќ почна да закрепнува по несреќата, таа вели дека сè оти на подобро. За “Блиц” таа ги откри плановите за повторно да се омажи откако најде нов партнер, но и недостасува само едно нешто, Дарко да ги потпише документите за развод.
Имено, Севиќ истакнува дека нејзината разделба од Лазиќ не била лесно.
– Разводот и самата поделба е многу тешка, ова е само еден пораз на живот за кој никој не е подготвен. Колку и да сте свсни дека тоа ќе се случи, тешко е. Не знаете како ќе изгледа, ќе заврши со нешто што мислевте дека секогаш ќе трае, тоа не се лесни работи. Поради тоа, се повлеков од медиумите и се посветив на моето дете, сакав да живеам нормално. Сето тоа помина сега и одиме во една убава насока, фала богу. Тој сѐ уште нема потпишано документи. Јас не би навлегувала во детали зошто не потпишува – вели Ана
Кога станува збор за љубовта, пејачката не крие дека е многу задоволна.
– Не ја изгубив верата во љубовта, ниту пак ќе дозволам некој да ме оддалечи од нешто што е најубаво во животот. Љубовта е мојот активист, сакам да сакам и ми се допаѓа да бидам сакана- заклучи Ана Севиќ.