Радио Милева

Александра Илиевска реши да здивне од „Брза кујна“ и да ја промени секојдневната рутина (фото)

Александра Илиевска реши да здивне од „Брза кујна“ и да ја промени секојдневната рутина (фото)

Секој од нас има посебна страст кон нешто во животот која ни го менува и исполнува секојдневието.

ТВ водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“ секој работен ден ја гледаме на екраните заедно со шефовите Марк и Никола и нивните асистенти.

Да се снима една таква емисија која се прикажува од понеделник до петок, не е едноставно, бидејќи тоа бара добро организирано време во склад со останатите обврски. Александра освен телевизијата ја има работата и во радио, а наскоро ќе ја видиме и како водителка на 9-от Саем за венчавки во Скопје.

Токму за да ја промени рутината и да ги наполни батериите со нешто ново и поинакво, Александра реши да ја задоволи својата страст за патување.

Имено, таа го спакува куферот и се качи на авион за лет кон Милано во Италија.

Оттаму сподели неколку фотографии на кои е фотографирана покрај некои од знамененитостите на овој прекрасен град, а притоа посочи:

-Патувам многу. Мразам живот окупиран со рутина. Ги сакам луѓето што уживаат во животот, бидејќи јас го правам истото.

Уживањето за неа веќе заврши , но се врати со куфер полн спомени и искуства, а за фотографијата од летот кон дома не пропушти да ја напише својата девиза.

-Не сум била секаде, но тоа е на мојата листа, напиша водителката.

To top