Радио Милева

Хаусер ја остави Розга поради Лола: Мини здолништата и долгите нозе ги доведуваат мажите до лудило

Хаусер ја остави Розга поради Лола: Мини здолништата и долгите нозе ги доведуваат мажите до лудило

 Американката Лола Астанова, родена во Узбекистан, го освои светот на класичната музика со нејзиниот уникатен изглед и вештина во пијано.

Некои ја обожаваат, додека други приврзаници на традицијата, поради нејзиниот имиџ  ја вртат главата кога го слушаат нејзиното име. Едно е сигурно – Лола Астанова е феномен кој со право и во сите погледи го носи прекарот “пијанист од милион долари”.

Лола поради својот изглед е присутна и во светот на модата, филмот, па дури и поп музиката, за која таа, како што истакна во интервју многу ја импонира.

Свесена е дека со својот изглед освојува и дека мажите ја обожаваат – а на Инстаграм има 600.000 следбеници, од кои мажите се повеќе од 70 проценти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOLA ASTANOVA (@lolaastanova) on


“Јас не се чувствувам само како пијанист, туку како мултикултурен уметник. Не сум роб на стереотипи што може да се види од начинот на кој изгледам и настапувам. Често ме прашуваат како свирам со потпетици од 15 сантиметри, а јас им велам – нормално, како да сум боса” , вели Лола во едно интервју објавено на нејзината официјална веб-страница.

“Постои традиционално верување верување на критичарите дека уметникот не може да успее ако неговиот изглед доминира од квалитетот на музиката. Мене ми велат дека  музиката ја спојувам со женственоста и секси пристапот.”

Критичарите велат дека нејзините настапи ги носат мирисите на романтизмот и страста, особено кога го интерпретира Шопен и Рахманинов. Затоа е голема ѕвезда и на каналот Јутјуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOLA ASTANOVA (@lolaastanova) on


-Немам специфична цел да ги разбивам стереотипите, едноставно го правам она што го сакам и чувствувам и многу ми е драго што тоа ги допира и инспирира луѓето, вели Лола, а пренесува Спутник.

Интересно е дека во раното доба страста кон класиката и ја пробудила професорката по клавир Тамара Поповиќ кај која првпат настапила кога имала само 6 години.

„Бев толку мала што со нозете не можев да ги дофатам педалите и мораа да му стават два дебели телефонски именици. Тамара поповиќ е личноста која ја разви мојата вештина и направи професионалец од мене“, истакнува Астанова.

Откако во 2000 година се пресели во САД, Астанова одела на часови кај Лав Наумов „кум на руската клавирска школа“, а првиот успех го имала во 2007 година, кога настапува на Неман Маркус, класичен суперстар концерт вреден 1.6 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOLA ASTANOVA (@lolaastanova) on

Лола во прочуениот Карнеги хол првпат настапи во 2012 година кога се увери дека ќе ја слуша и младата публика на која особено и се допаѓа нејзиниот моден стил.

За нејзиниот настап за документарниот фил  – интерпретација „Рапсодија во сино“ доби „Еми“ награда.

To top