Иако Озил со тимот на Арсенал има има договор до крајот на сезоната, сепак, според весникот „Мирор“, тој на своите играчи им открил дека во зимскиот преоден рок ќе го напушти Лондон и ќе се пресели на „Олд Трафорд“.
Како една од главните причини за ваквата одлика на Германецот е менаџерот на „црвените-ѓаволи“ Жозе Мурињо, со кој Озил имаше одлична соработка за време на заедничкиот престој во Реал Мадрид.
Арсенал ќе се обиде да го убеди Озил да остане во Лондон, иако не само Германецот туку и Чилеанецот, Алаксис Санчез веќе подолго време најавуваат заминување од „Емирати“.
Засега Озил не ја потврди ниту демантира оваа информација, па останува да се види дали „топџиите“ ќе успеа да го разубедат Германецот да остане барем до крајот на сезоната или пак тој ќе замине уште во јануарскиот преоден рок.