Во српските медиуми се појавија наслови од кои се тврдеше дека Жељко Јоксимовиќ по враќањето од одморот на Малдивите каде беше заедно со сопругата Јована, се разболел и завршил во болница.
Иако пејачот претходно се појави на регионалните музички награди MEK, каде што изгледаше сосема здраво, ваквите шпекулации не го одминаа.
Дека неговото здравје е во најдобар ред и дека не завршил во болница, тој демантираше преку својот профил на Инстаграм, каде на порталот Ало.рс им порача да ги почитуваат своите читатели и дека веста е лажна.
Инаку, Јоксимовиќ периодов се погдотвува за два концерти во Заграб закажани за 15-ти и 16-ти февруари.