Памела Андерсон лани беше дел од француското издание на “Dancing With The Stars”, или по наше „Танц со ѕвездите“, а видеото од нејзиниот секси настап со танчарот Максим Дерејмез неодамна го привлече вниманието на социјалните мрежи.
Американско-канадската секс-бомба изненадила со своите потези, а нејзините атрибути дошле до израз низ целата точка.
Освен што танцувала со својот партнер, Андерсон заиграла и со публиката, што ги воодушевило и изненадило сите во студиото.
На крајот, Памела и Максим добиле огромен аплауз, но за жал тие биле елиминирани од шоуто во ноември 2018 година, заземајќи го петтото место.