Иако во 2016 година, Анџелина Џоли и Бред Пит признаа дека се разведуваат, не престануваат пишувањата за овој познат пар.
Неодамна странските медиуми пишуваа дека холивудскиот актер е во врска со најубавата актерка Шарлиз Терон.
Меѓутоа, неколку дена по оваа вест, извор влизок на семејството тврди дека тие само се добри пријатели.
„Во последно време никаде не беа заедно и не се во врска. Гласините дека се во љубовна врска се лага“ вели изворот.
И покрај се, Бред и Анџелина се фотографирани заедно во Лос Анџелес.

Фотографијата беше објавена на „Инстаграм“, а некои претпоставуваат дека се виделе поради старателството на децата.