Познатата пејачка Селин Дион ја шокираше јавноста кога светските медиуми ги покажаа нејзините фотографии од Париската модна недела, на кои се чини дека е на работ на анорексија.
Селин е видно ослабена, а социјалните мрежи и портали ги преплавија коментарите на сметка на нејзиниот изглед.
“Изгледаш преслабо, ти си буквално коска и кожа”, “Јади барем нешто”, “Ти си на работ на анорексија”, беа само некои од коментарите.
Пејачката не одговори неколку дена, но сега се огласи по тој повод.
– Не мора да ме фотографирате. Ако не ви се допаѓа она што го гледате, оставете ме на мира – рече Селин.