Наташа Малинкова подговува нов проект. Пејачката најави дека наскоро треба да промовира нова песна и видео за истата. А кога е нова песна во прашање, тогаш се’ е ново. Нов изглед, нова имииџ, нова фризура, нова гардероба, нова фотосесија…
Во неа сексапилната кавадарчанка иако закопчана од грло до глуждови, сепак е секси до болка. Очигледно возбудата била толку голема што под модерниот долг фустан се’ се отцртува. Кога градник не е потребен, потребно е само малку за бујните телесните атрибути да ги покажат своите адути… Па брадавиците на пејачката да се отцртуваат преку ткаенината како „на ѓавол рогчиња“, што на целата фотосесија и дава латентна еротска димензија.
Но, не само градеробата, туку и шминката и фризурата се важни детали за изгледот на пејаката да биде комплетен. Но Наташа за среќа ја има најдобрата до себе. Зашто, како што вели новата песна: „Кога не си ти до мене“… Ама таа е секогаш тука до неа, кога и треба. Да ја среди, нашминка, исчешла, исфенира…
Зашто стилист на пејачката и е нејзината сестра, со која иако не се близначки толку многу личат, така што Наташа и не мора да се погледне во огледало, за да се види себе. Не знаеме како пее, ама затоа стетско занаетските способности се гледаат од приложеното, па по прашање на изгледот Малинкова секогаш е ВИП.
А што се однесува до сличноста… Сестра и слободно може да ја замени Наташа во некој спот или телевизиско појавување. Сепак, сега за сега доволно е само нејзиното естетско умеење. За да не биде: „Кога не си ти до мене“ – тешко мене!