Откако пред нешто повеќе од една година на свет го донесе синчето Вања, за манекенаката Катарина Ивановска мајчинството е пред се’.
Сепак, таа не ја запостави кариерата и пријателите, а бидејќи е доста активен корисник на Инстаграм, може да се забележи дека убавата Кики знае како да си го направи животот интересен и забаван.
Вчеравечер таа излезе во кафеана каде на увце и пееја стара народна, а во нејзино друштво беше и нејзината постара сестра Кристина.
Во една прилика имавте можност да ја видите мајката на нашата позната манекенка, а овој пат Кики ја покажа постарата сестра со која доста потсетуваат една на друга.
Таа е исто така мајка, обожава да трча како и помалата сестра и работи во банка. А погледнете како изгледаа малечки заедно со мама.
фото:инстаграм/катаринаивановска