Јелена Ѓоковиќ е исклучително посветена на одгледувањето и воспитанието на нејзините наследници Тара и Стефан, а нејзините совети често ги споделува со јавноста.
Јелена на својот блог, како и на профилите на социјални мрежи, често пишува за родителството, а овој пат таа се осврна на методите на учење кои ги применува во одгледувањето на Тара и Стефан.
Таа признава дека по раѓањето на нејзиниот син таа се соочила со одредени стравови.
View this post on Instagram
– Кога за првпат станав родител, ме следеше многу страв и стрес, од напредокот и растот на Стефан. Дали е напреден? Мислев дека морам да му дадам сè за да биде најдобро. Научив многу брзо дека сè што им треба е нашето внимание и љубов, а кога играме и измислуваме приказни, тие исто така учат за биологијата, за општеството, науката, математиката, уметноста … и брзо учат! Благодарение на ова прво искуство, со Тара немам такви стравови и сомнежи, сè е многу полесно – беше сосема искрена сопругата на Новак Ѓоковиќ.