Радио Милева

Македонскиот моден критичар ги прокоментира познатите дами на МАС

Македонскиот моден критичар ги прокоментира познатите дами на МАС

Пред два дена во „Штарк Арена“ во Белград се одржа манифестацијата „Music Awards Ceremony“ каде што на познатите од регионалната музичка сцена им беа доделени награди.

Гламур, одлични тоалети, светска сцена, сценографија….беа само дел од деталите од ова музичко случување.

Македонскиот моден критичар Сергеј Варошлоија во својата емисија „Мода“ прокоментира дел од познатите дами кои настапуваа на МАС.

Прва на тапет се најде Јелена Карлеуша за која имаше пофални зборови.

„Погледнете го тој фустан и нејзиното спектакуларно издание. Немам соодветни зборови да го опишам, ова треба да се види во движење.Одлично што и е рамна косата и акцентот е на црвениот кармин. Многу гламурозно, многу светски“ истакна Варошлија.

Следна на ред беше Наташа Беквалац.

„Погледнете ја драги гледачи Наташа Беквалац. Изгледа соврешно.Совршена шминка, совшрена коса. Одличен фустан во т. н кралска сина боја. Ова е тоа кога мислам дека треба да се многу едноставни, а многу женствени“ објасни Сергеј.

Модниот критичар имаше пофални зборови и за Емина Јаховиќ.

„Таа портокалово – црвена нијанса на фустанот на Емина, таа елеганција, таа грациозност. Толку убава и едноставна шминка, Емина изгледа совршено“ истакна модниот критичар.

foto: printscreen/youtube

Тој го прокоментира и стајлингот на Милица Павловиќ.

„Одлична е должината, одлична е целата изработка.Одлична е шминката искомбинирана со одлични сандали. Одличен накит. Многу добро изгледа на нејзината линија на тело, браво“ изјави Сергеј.

foto: Priintscreen/youtube

Не помалку зборови имаше и за Александра Радовиќ која за оваа прилика се облече во црн костум.

„Па, погледнете го тој т.н машки „смокинг“. Одлично и стои на нејзина фигура. Деталот околу вратот, нејзината коса, нејзината шминка.Многу ми се допаѓа што сето ова е искомбинирано со минималистички сандали“ вели Варошлија.

Тој исто така истакна дека и Каролина Гочева блескала на сцената во „Штарк Арена“, но неа ќе ја прокоментира во некои од следните изданија.

За потсетување, Гочева на МАС ја доби наградата за најдобра етно нумера.

To top