Радио Милева

Гвинет Палтроу обвинета дека му ги скршила ребрата на 72-годишен старец

Гвинет Палтроу обвинета дека му ги скршила ребрата на 72-годишен старец

Американската актерка Гвинет Палтроу (46) е обвинета дека му ги скршила ребрата на 72-годишен човек и му предизвикала потрес на мозокот кога удрила во него на ски-центар во Јута во 2016 година.

Пензионираниот оптичар Тери Сандерсон на прес-конференција изјави дека тужбата што ја поднесе против неа е бидејќи претрпел сериозни повреди, а таа не повикала помош и дека со нејзиниот ски -инструктор и пријател сведочеле лажно наведувајќи дека Палтроу не е причина за несреќата, пренесува АП.

Сандерсон опиша како се случил инцидентот на падините. Тој одеднаш слушнал хистеричен крик и почувствувал удар и ја изгубил свеста.

Последното нешто што тој се сеќава е дека полетал напред, по што тој ја изгубил свеста, а дека тој бил удрен од Палтроу му рекол некој познаник кој бил сведок на инцидентот. Како што рече, Палтроу тогаш го напуштила местото и не побарала помош.

Актерката ги негираше овие наводи и рече дека тужбата нема основа и се очекува да биде одбиена.

Сендерсон рече дека му требало три години да поднесе тужба затоа што имал проблеми со претходните адвокати и не можел нормално да функционира поради потресот на мозокот.

Како што вели, тој бил во контакт со адвокатот на Палтроу, но не му било понудено ниту надомест или извинување, туку само добил закана дека би можел да биде тужен.

Тој бара компензација за тужбата од 3,1 милиони долари.

На конференцијата беше прикажано видео кое покажува како жените удира во Сандерсон, а паѓа врз него, а потоа таа и пријателот го оставаат да лежи на снегот.

foto:guliver/getty

To top