Викторија Бекам не можела да ја сокрие среќата кога ја видела Меган Маркл во своите модни комбинации.
Многумина и замеруваа на војвотката од Сасекс што на модната британска комбинација додава американски или канадски модни додатоци.
Меѓутоа, Меган Маркл ги изненади сите кога на божиќната миса се појавила во модна креација потпишана од Викторија Бекам.
Британската дизајнерка која е блиска со Меган Маркл и принцот Хари во емисијата „ Live! With Kelly and Ryan“ проговори како се чувствувала кога ја видела Меган во нејзина комбинација.
„Изгледа прекрасно. Беше преубаво изненадување да се разбудите на Божиќно утро и да ја видите во своја креација. Мислам дека таа преубава, силна жена,затоа ме беше чест да ја облечам“ вели Бекам.