После одличните соработки со Џамбо Агушев и Дамјан Пејчиноски, групата „Етносфера“ најавува нов сингл. Оваа приказна предводена од композиторот Николче Мицевски, својата прва страница ја испиша минатата година со темата „Копнеж“, по која следеа разиграните „Етно Виа Баиро“ и „Дафина“.
Во најавата за новиот сингл стои дека ќе стигне наскоро, но сè уште не е познато кој ќе гостува во него. Имајќи предвид дека празници се ближат, веројатно станува збор за уште една весела тема, а сето тоа ќе го дознаеме наскоро.