Штарк Арена во Белград вчеравечер беше местото каде се собраа најголемите музички ѕвезди од регионот, а меѓу нив се најде и нашата пејачка Каролина Гочева.
Каролина ја освои наградата за најдобра етно нумера, а за статуетката се пофали пред целиот регион.
Имено, токму наградената песна „Ти не дојде“ таа ја изведе на импресивната сцена која остава без зборови.
Оваа емотивна балада од последниот албум на Каролина „Извор“ беше селектирана како најдобра од својата категорија, а Гочева блесна облечена во модерна комбинација со француски шмек сочинета од светкав корсет и црни панталони.
Инаку, на сцената во најголемата белградска сала настапија: Тони Цетински, Жељко Јоксимовиќ, Јелена Розга, Ван Гог, Масимо Савиќ, Јелена Карлеуша и многу други.
Во продолжение погледнете го настапот на Каролина на 04:09:03
фото:принтскринјутјуб