Подготовките за 64. издание на „Евровизија“ се веќе во полн ек, а со влечење жрепка денеска беше утврдено и кои земји ќе се натпреваруваат во двете полуфинални вечери на 14 и на 16 мај. Македонија, односно нашата претставничка Тамара Тодевска ќе ја видиме во вториот дел од втората полуфинална вечер на 16 мај, кога ќе се натпреварува заедно со колегите од Албанија и Хрватска, воедно и единствените земји од регионот во оваа вечер.
Освен распределбата на 36-те полуфиналисти, утврдено беше и во која од полуфиналните вечери ќе гласаат земјите од „големата петка“ и домаќинот Израел, така што во првата полуфинална вечер ќе гласаат Шпанија, Франција и Израел, а во втората Германија, Италија и Велика Британија.
МРТ и Тамара допрва треба да го одберат и авторскиот тим што ќе ја создаде евровизиската песна. „Вечно втората“ пејачка се надева дека барем 2. место ќе го освои и на овој фестивал, а со каква композиција ќе настапи во Тел Авив ќе дознаеме наскоро.
Како и секогаш, официјалниот редослед ќе биде одреден непосредно пред евровизиската недела, а која земја во која полуфинална вечер ќе настапува дознајте во продолжение.
Прва полуфинална вечер (14 мај)
-
Словенија
-
Белорусија
-
Чешка
-
Црна Гора
-
Кипар
-
Србија
-
Финска
-
Полска
-
Унгарија
-
Естонија
-
Португалија
-
Сан Марино
-
Исланд
-
Грузија
-
Австралија
-
Белгија
-
Украина
-
Грција
Втора полуфинална вечер (16 мај)
-
Швајцарија
-
Шведска
-
Ирска
-
Австрија
-
Молдавија
-
Летонија
-
Романија
-
Данска
-
Ерменија
-
Албанија
-
Азејбејџан
-
МАКЕДОНИЈА
-
Норвешка
-
Русија
-
Холандија
-
Хрватска
-
Литванија
-
Малта