Хрватската поп пејачка Нина Бадриќ важи за една од најдобро стилизираните жени во регионот.
Имено, пејачката нема проблем да се појави во природно издание, без грам шминка и во потполно опуштени модни комбинации.
Меѓутоа, некогаш на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиното минато или од нејзините почетоци.
Така деновиве, Бадриќ на својот „Инстаграм“ објави фотографија од 1993 година, а во описот на истата напиша: „Ме стигнуваат сеќавања“.
„Вечно млада“, „Драга Нина вие не се менувате“, „Па и сега си таква, ситна разлика“ се само некои од коментарите.
Погледнете како изгледала Бадриќ пред 26 години, па проценете дали се променила.