Војвотката од Сасекс, Меган Маркл ужива во својата прва бременост.
Меган и принцот Хари наскоро ќе се реализираат во улогата на родители.
Како што пренесуваат странските медиуми поради својата состојба, Маркл има нови правила во кралското семејство.
Меган открила дека започнала да ги исфрлува производите од животинско потекло и дека ги конзумира само за викенд.
Странските медиуми пишуваат дека планира и на тој начин на исхрана да го навикне и принцот Хари.
Исто така, војвотката одлучила својот нов дом да го уреди еколошки и внатрешниот дел на домот да биде по нејзин вкус.
Наводно, Меган оди до толку што собата на детето ќе биде со неутрални бои и без видливи родови карактеристики.
Многумина и порачале дека претерува, но принцот Хари ја поддржува во нејзините одлуки.