Шоуто од хуманитарен карактер „Твоето лице звучи познато“ стигна до финале.
Гласовите на публиката одлучија кој ќе биде победник и ќе ја освои наградата од 25 илјади евра која оди во хуманитарни цели. Во финалната вечер за првото место се бореа 5-те финалисти:Едита, Тијана, Гага, Стван и Леон.
Резултатот од гласањето се следни: Петтото место му припадна на Леон, четвртото на Драгана Мичаловиќ, третата позиција ја имаше Едита, четврта беше Тијана Дапчевиќ, додека првото место му припадна на најдобриот за 4-та сезона, Стеван Анѓелковиќ.
-Не очекував, искрено. Се заблагодарувам на сите кои гласаа за мене. Ова беше едно напорно шоу, кое бара доста жртви. Само морам да кажам дека многу ве сакам и ова шоу го освоивме сите заедно“, изјави Стеван во моментот кога го прогласија за победник.
Инаку, на главната вечер секој од финалистите имаше право сам да го избере ликот кој посакува да го имитира, а за Тијана тоа беше Фреди Меркјури, додека за победникот Стеван, Елвис Присли.
Инаку, за само 26 гласа Тијана не успеа да биде победникот годинава.
Најдобриот од 4-та сезона, Стеван Анѓелковиќ наградата од 25 илјади евра, ќе ја донира за децата болни од рак.
foto:kurir.rs