Памела Андерсон (51), некогаш се фотографираше гола за Плејбој, а сега ја мрази голотијата. Сега таа распали по мажите што гледаат порно.
Холивудската ѕвезда, која стана популарна во серијата “Чувари на плжа”, предизвика бес кај обожавателите на Твитер кога јавно ги “исплука” оние кои гледаат порнографски филмови.
– Само најлошите и ужасни љубовници гледаат порно филмови, нечувствителни, бесчувствителни, мизерни, па дури и насилни. Љубовта не изгледа како да е прикажана во порнографија. Секси се храбри и радикални мажи кои читаат, кои се залагаат за подобро утре – напиша Памела, која според многумина е еден од најголемите секс-симболи на 90-тите години.
View this post on Instagram
“Веганите се најдобари љубовници и научно е докажано”, додаде таа, но нејзините следбеници не се согласуваат со таквата изјава.
– Ова е навистина најголема глупост што некогаш сум го слушнал. Каква врска има порното дали сме ужасни во кревет или не? – напиша еден од обожавателите на Памела и многумина се согласија со него. Актерката дури и ја обвинија за пишување на статусот само за промовирање на веганството.