По големиот скандал кој и се случи на Јелена Карлеуша односно кога во медиумите се појавија експлицитни фотографии кои наводно ги праќала на босанскиот фудбалер, Карелуша замина во Кина.
Имено, таа прво демантираше дека тие фотографии се фотомонтажа, а потоа се повлече и не се огласуваше.
Вчера пејачката се врати од Кина и замина на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.
При влегувањето во студиото таа ги избегна новинарите кои ја чекаа пред вратите на продукцијата.
Меѓутоа, денес Карлеуша се огласи на својот „Инстаграм“. Имено, пејачката сподели видео како пристигнува во „Гранд“, а во описот напиша:
„Болната медиумска хајка не престанува. Намерно е направено зло врз моето семејство. Никогаш никого не сум убила, не сум направила лошо, напротив цел живот го посветив да помогам на другите и животните. Нека цел Белкан го гледа целото медимско, психолошко, безразумно напаѓање на една жена, нејзиното семејство, чест, основното човечко достоинство – и таа молчи. За крај, ќе апелирам. Не ставајте ми ги децата на насловна страница. Не ги користете моите деца со желба мене да ми наштетите. Има ли во вас нешто човечко или сте едноставни монструми кои уживаат во злосторство,насилство, лаги и омраза?“; напиша Карлеуша на „Инстаграм“.