Пејачот Лиам Пејн пред шест месеци беше во среќна врска со пејачката Шериол Кол со која го доби синот, Бер. Сепак, љубовта исчезна и двојката се раздели.
Како што објавија медиумите, пејачот е фатен во друштво на легендарниот модел Наоми Кемпбел, која е постара од него 23 години.
Парот од овие денови размени комплименти на социјалните мрежи и сè започна кога Наоми објави селфи со новата кратка кадрава фризура.
View this post on Instagram
“Совршенство во една личност … Не ми го давај тој поглед”, напиша пејачот во коментар на фотографијата.
После тоа, Наоми ја коментираше и неговата фотографија: “Прекрасна душа”, а тој и врати: “Свој, својата ја препознава” и испрати бакнеж.