Наводно, познатиот актер Бред Пит со месеци е во врска со Шарлиз Терон.
Иако Шарлиз и Бред делуваат како совршен пар, „Daily“ пишува дека нивната врска може да биде проблематична поради поранешната сопруга на Бред Пит, Анџелина Џоли.
Како што пренесуваат американските медиуми, Анџелина не е во најдобри односи со Терон. Наводно двете актерки не се поднесуваат.
Една од кавгите била кога Шарлиз била одбрана за улогата во филмот „Murder On The Oriental Express“, која улога Анџелина ја одбила, па потоа повторно ја засакала истата.
На крајот ниту една од актерките не ја прифатиле оваа улога.
„Неподнесувањето започна одамна и никогаш нема да престане“ тврди извор, а како Џоли ќе реагира што Терон е во врска со нејзиниот поранешен сопруг останува да видиме.