По долго и тешко боледување, на 59-годишна возраст почина легендарниот македонски атлетичар Исмаил Мачев.
Тој повеќе од две години се бореше со канцер на белите дробови, успешно мина и операција, но во моментите кога изгледаше дека ќе ја победи суровата болест, таа повторно се врати.
Исмаил Мачев беше легенда на југословенската, македонската и на српската атлетика. Тој се уште е државен рекордер на 400 метри (45.83 секунди), резултат постигнат во Љубљана во 1978 година, беше член на прославената „бела штафета“, а во 1987 и во 1991 година беше вицешампион на Медитеранот.
Учествуваше на европски и светски првенства, како и на Олимписките Игри во Сеул во 1988 година. Со атлетскиот клуб Црвена Звезда беше шампион на Европа во 1989 година.
По завршувањето на кариерата работеше како тренер во младите категории на атлетскиот клуб Црвена Звезда во Белград.
Извор: Курир.мк