Неодамна заврши третата сезона на серијата „Преспав“ која ги сруши сите рекорди и уште еднаш ја собра македонската публика пред ТВ екраните.
Ликовите со своите карактеристики и особини успеа преку камерите да пренесат нешто ново и невидено.
Дритон Вејсели ја играше улогата на рецепционерот Талат која можеби засега му остави најголем впечаток во неговата актерска кариера.
Рецепционерот во „Преспав“ преку својот карактеристичен лик успеа да ги насмее гледачите и фановите на серијата.
Талат од Џепчиште односно Дритон во приватниот живот изгледа многу поразлично и многумина можеби не би го препознаеле.
Дритон потекнува од Тетово и подолго време живее во Скопје, а има играно и во неколку театарски претстави.
Кога станува збор за неговиот љубовен живот, Дритон во естрадниот магазин „Ексклузив“ откри дека не е женет и дека е слободен.
View this post on Instagram
„Не сум женет и сум слободен“ изјави Дритон.
Дека улогата на „Талат“ многу придонела за неговата популарност потврдува и фактот дека постојано го препознаваат на улица.
Инаку, се шпекулира дека ќе има и четврта сезона на „Преспав“.