Под мотото „Вода за најдобри“, еден од најдобрите и најпознати македонски брендови за вода – „Пелистерка“ го промовираше деветтиот по ред календар на компанијата.
Пред голем број новинари, пријатели, деловни партнери и соработници, денес, петок, 15 декември во 11.00 часот во салата „Балрум 2“ на хотел „Мериот“ во Скопје, беше презентиран календарот за претстојната 2018 година, во кој овој пат главниот збор го имаат 12 познати и успешни македонски спортистки од разни спортови. Речиси сите од нив, со исклучок на оправдано отсутните заради клубските обврски, беа присутни на промоцијата која на шармантен и себесвојствен начин ја отвори и водеше, портпаролот на ФФМ и водител, Златко Андоновски, кој поединечно ги претставуваше и разговараше со девојките, кои симболично се закитија и со медали од компанијата.
„Идејата на календарот годинава е да покажеме дека имаме македонски жени спортистки кои што се силни, истрајни, храбри, убави и најдобри во тоа што го прават. Затоа и мотото годинава е Пелистерка, вода за најдобри!. Ги одбравме, според нас, најдобрите во својата област. Овие 12 девојки се синоним за сила за моќ за успеси. Дисциплинирани и истрајни во она до што се стремат да стигнат, нашата компанија годинава само ќе им биде ветер во грб. Соработката со нив не завршува со календарот. Ќе се дружиме со сите нив низ сите нивни спортски походи и во иднина„ – изјави Тања Панделеска маркетинг директорка на Пелистерка.
На календарот за 2018 година свое место најдоа македонските спортски ведети и воедно убавици: Берна Шерифовска – џудистка, Наташа Андонова – фудбалерка, Едина Муса – кошаркарка и боди фитнес, Дрита Ислами – атлетичарка, Леана Таки – триатлонка, Милјана Ристиќ – маратонка, Елена Чуркоска – кајакарка, Катерина Николовска – велосипедистка, Стефани Тодорова – кик боксерка, Ивана Јанкова – одбојкарка, Марија Божиновска – фитнес билдерка, Нина Ѓорѓевиќ – каратистка.
Екипата која што се потпишува зад календарот и оваа година покрај тимот на Пелистерка ја сочинуваат:
Фотографија – Ани и Дими, стајлинг – Јована Зука, мејк ап артист – Зоран Шурбевски, Анита Гај -графички дизајнер и Света Богова Јовановска – проект менаџер.