Радио Милева некогаш и сега

Ѕвездата го прифати предизвикот, ама никој не ја позна: Препознавате ли кој познат македонски лик е на фотографијата?

Ѕвездата го прифати предизвикот, ама никој не ја позна: Препознавате ли кој познат македонски лик е на фотографијата?

На социјалните мрежи има нова играчка. Најпопуларната и најраспространетата од нив – „Фејсбук“ на своите корисници им понуди нов предизвик: постирај фотографија како изгледаш денес и како си изгледал пред десет години.

Мамецот беше фрлен, корисниците ја „загризаа јадицата“ и лавината тргна. Илјадници постираат две свои фотографии – лево и десно, една до друга… Првата од пред една деценија, втората, онаа, што им е најтазе!

Еуфоријата со „Доријан Греј“ синдром не ги заобиколи ни познатите, па така многумина од нив се приклучија кон мнозинството, прифаќајќи го предизвикот да се покаже колку си останал млад или остарел, колку времето ти оставило или не ти оставило трага на лицето, а годините (не) те промениле…!?

Македонските јавни фаци, познати лица, естрадни и ТВ ѕвезди… се исто така дел од новиот предизвик на (не)препознатливост низ времето.

Еден од нив е и тој… Влатко Лознаовски – Лозано. Само што додека другите горе-долу ги препознавате на прва, на онаа најновата и фотографијата од пред една деценија, за Лозано тешко дека ќе откриете дека е тој.

Долга коса, бумбареста физиономија, ќос бејбифејс лик, без ниту едно влакненце брада… Друго дете!

Фотографијата како што напишал му е не од пред 10 туку од пред 15 години, некаде од училишните денови, а на неа денешната поп ѕвезда е речиси непрепознатлив.

Трансформацијата е дел од созревањето, па и стареењето и во тоа всушност лежи убавината на животот, меѓу другото. Секако, со сето она што духовната надградба ја надополнува еволуцијата на физикусот.

А предизвикот наречен „Десет, порано“? На Лозано ионака во моментов некако природно му одговара… Зашто, ако не друго, се поклопува со излегувањето и насловот – „Десет“, на неговиот трет студиски албум по ред, кој штотуку се појави и е во фаза на промовирање.

 

To top