Радио Милева

По излегувањето од психијатриската болница, Селена Гомез првпат се огласи на социјалните мрежи

По излегувањето од психијатриската болница, Селена Гомез првпат се огласи на социјалните мрежи

Откако доживеа нервен слом, Селена Гомез потполно се повлече од јавноста.

Иако претходната недела излезе од психијатриска болница, младата пејачката дури сега се врати на социјалните мрежи и првпат се огласи во јавност.

Селена на „Инстаграм“ објави неколку фотографии, а во описот напиша:

„Помина некое време од кога немате слушнато ништо за мене. Сакам на сите да ви честитам Нова година и да ви се заблагодарам на поддршката и љубовта. Претходната година беше година на одгледување, предизвици и созревања. Тие предизвици ќе ви покажат кои сте и низ што можете да поминете. Верујте ми, не е лесно, но се гордеам за тоа каква личност станав. Се радувам на годината која е пред нас. Ве сакам сите“ напиша пејачката.

To top