Пејачот Дарко Лазиќ претходната година во октомври доживеа тешка сообраќајна несреќа кога со својот автомобил излета од патот во близина на родниот крај. Тој беше сместен во болница во Земун, а неколку нели подоцна замина на лекување во бања.
За Божиќните празници, Дарко ја напушти бањата и дома да биде со своето семејство. Како што пренесуваат српските медиуми, Дарко одлучил да не оди во истата бања туку лекувањето да го продолжи во нова бања, поточно во Бањи Ковилјачи позната како Лознице.
„Дарко повеќе не сака да оди во „Селтерс“ бидејќи мисли дека достигнал максимум кога станува збор за лекувањето во таа институција. Се што можеше да направи, направи. Сака да го забрза процесот на лекување и што побрзо да се врати на работата која му недостига. Во бањата Ковилјачи ќе биде 2,3 недели, а потоа ќе оди во друга бања„ вели пријател на Дарко.
Од друга страна, докторите од бањата каде се лекувал Лазиќ се разочарани од неговата одлука.
„Тој нас не ни извести дека ќе ја напушти болницата. Кога замина дома за Божиќ ни кажа дека ќе се врати за една недела. Ние овде кон него и неговото семејство се однесувавме многу пријателски. Свесни сме за притисокот на медиумите и бидејќи е јавна личност потполно се вложивме во него. Никогаш не ни се заблагодари за тоа што направиме за него. Кај нас дојде неподвижен, а излезе на две патерици. По сите случувања, тоа е голем успех“ вели доктор од болницата.