Кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски влезе во официјалната програма на Интернационалниот фестивал на краток филм во Клермон-Феран, Франција, кој ќе се одржува од 2 до 10 февруари 2018 година.
– Клермон-Феран денес е најголемиот и најважен специјализран фестивал за краток игран филм, во смисла на посетеност и присуство на професионалци од сите страни на светот, но пред се од аспект на квалитет и значајност. На овој фестивал се откриени многу нови талентирани режисерски имиња, кои подоцна изградиле успешна филмска кариера. Токму затоа ова е огромен успех за „Види ја ти неа“, кој се вброи меѓу 73-те наслови во интернационалната компетиција, селектирани од вкупно 8696 пријавени кратки филмови, соопшти „Црна мачка продукција“.
„Види ја ти неа“, кој неодамна беше селектиран и во интернационалната компетиција на Филмскиот фестивал во Санденс, САД, ќе има осум проекции на 40.Клермон-Феран во февруари. Термините за прикажување ќе бидат официјално објавени на веб-страницата на фестивалот на почетокот на јануари.
извор:cooltura.mk