Џез Безос, 54- годишниот основач на Амазон и неговата сопруга Мекензи објавија дека на нивниот брак му дошол крајот.
Најбогатиот човек на светот веста за разводот ја објави на „Твитер“.
„Сакаме луѓето да знаат што се случува во нашиот живот. Како што знае нашето семејство и блиските пријатели, по долго време поминато на истражувања и разделно живеење, се одлучивме да се разведеме и да останеме пријатели“ пишува објавата.
Во брак се 25 години, а родители се на 4 деца, вклучувајќи го синот и трите ќерки кои ги посвојија од Кина.