Периодов поп-пејачката Елена Ристеска се почесто е тема во медиумите откако ја имаше својата емотивна исповед за ТВ магазинот „Бекстеџ“ каде проговори за тешките моменти од својот живот.
Очекувано, потоа се појавија разни наслови, муабети од една до друга крајност, но Елена остана онаква каква што ја познавеме, умерна и сталожена, но најмногу со игнорантски однос кон негативните критики и шпекулации.
View this post on Instagram
Па така, меѓу нејзините најнови објави на Инстаграм се најде фотографија на која е облечена во тренди стајлинг и впечатлива шминка, а во дополнување објави една мисла чие име на авторот не го објави, а гласи вака:
Оној што никогаш нема да успее да биде како ти, ќе измисли илјада зборови за да те опише на погрешен начин! Зашто озборувањето е одлика на „ситните души“, а игнорирањето одлика на „шампионите“. Кој не знае да го чува туѓото достоинство, не знае ни своето… или подобро кажано своето и го нема, гласи објавата која Елена ја постави на Инстаграм.
Оние кому беше упатена, веројатно се пронајдоа.
foto:instagram