Радио Милева

Единствената љубов на Драган Бјелогрлиќ: Убавицата која ја нарекуваат српската Моника Белучи

Единствената љубов на Драган Бјелогрлиќ: Убавицата која ја нарекуваат српската Моника Белучи

Русата кадрава коса и шармантната насмевка не се сменија. Боба, најмладиот член на семејството Попадиќ од популарната серија “Подобриот живот”, се уште се препознава во Драган Бјелогрлиќ, во кој што сите тинејџерки во Југославија беа заљубени кон крајот на осумдесеттите години.

Зад него се многу незаборавни улоги, а во неговиот приватен живот му цветаат рози, бидејќи го дели со неговата убава сопруга Маја.

Ѕвездата на култните српски филмови не сака да зборува за неговиот приватен живот, а во јавноста тој ретко се појавува со жената која пред две децении му го освои срцето.

Со Црногорката Маја Баниќевиќ, родена во Никшиќ, Драган Бјелоглиќ ја засака за време на снимање реклама во средината на деведесеттите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragan Bjelogrlić (@draganbjelogrlic) on

Со работата како модел, Маја почнала да живее сама многу рано. Поминала четири години во Париз, а потоа се сели во Виена.

Таа работеше за агенцијата “Форд” и беше на насловните  на списанијата Мари Клер и Ел, таа имаше значајни претставувања на ревии, но честопати доаѓаше во Белград, бидејќи запиша и дипломираше  англиски јазик и литература.

Поради убавината и цртите на лицето српските медиуми ја викаа Моника Белучи.

To top