Улогата на Рејчел Зејн ја прослави Меган Маркл, а откако се омажи за принцот Хари се откажа од актерската кариера.
Деновиве Меган доби повторно понуда да се врати на ТВ екраните. Продуцентите се надеваат дека можеби ќе ја прифати понудата, иако шансите се многу мали.
„Подготвени сме да дојдеме во Англија, нема да се задржиме повеќе од половина час, ти бирај го времето и локацијата, само серијата да добие свој крај“ стои во пораката која продуцентите на серијата „Suits“ и ја упатиле на војвотката.
А за возврат, од NBC ќе уплатат шест милиони долари за добротворни цели по извор на Меган.
„Само сакаме да ја добиеме на 2 минути пред камери.Приказната ќе го следи нејзиниот вистински живот, па ќе има улога на среќна трудница“ вели еден од продуцентите.
Најголема пречка би била кралицата Елизабета која нема да прифати Меган да се врати на глумата.