Дарко Лазиќ се уште се опоравува од за малку за него кобната сообраќајка, која ја доживеа во октомври минатата година минатата година. Се здоби со сериозни повреди поради што се’ уште е на лечење и се движи со помош на инвалидска количка.
Пејачката Милица Тодоровиќ беше гостинка во„Ами Џи“ шоу, каде што таа откри некои детали за дружењето со Лазиќ. Во 2011 година, двајцата доживеале сообраќајна несреќа на автопат кога тргнале кон Јагодина.
За среќа, поминале без гребнатинки, но Милица и тоа како добро се сеќава на оваа случка.
“Имавме сообраќајка во 2011 година на пат за Јагодина, каде отидовме да пееме на повик на градоначалникот Палма. Беше сончев ден, но одеднаш почна да врне неверојатно силен дожд. Дарко возеше околу 170, 180 км на час и јас постојано го предупредував да забави“ – ја започна приказната Милица.
„Како што врнежот засили, автомобилот со едно од тркалата влета во каналот покрај банкината и ние се извртевме. Фала му на Бога, како во тој момент некој да го затворил автопатот, па ниту едно возило немаше. Мислам дека ако некој не удреше ќе не отфрлеше до границата со Бугарија, но за среќа не налета на нас ниту едно возило. Фала му на Бога, минавме без гребаници“ – се потсети Тодоровиќ.
На крајот, пејачката рече дека се надева оти Дарко конечно ја научил лекцијата и после ова ќе вози внимателно.