Модниот критичар Сергеј Варошлија во своето модно издание „Мода“ секогаш го искажува своето мислење за разни модни комбинаци.
На интересен и хумористичен начин ги коментира и нашите јавни личности, личностите од региоаналната музичка сцена и оние од светскиот џет – сет.
Овој пат под неговата лупа се најде и српската пејачката Миа Борисавељвиќ која беше облечена во модна комбинација со религиозен елемент.
„Господе Боже, Исусе Христе, Отецу наш, Свети дух, сите нека и се на помош со сукњичево. Јас немам ништо против кога се вметнуваат религиозни елементи. Многу дизајнери се инспирираат од религијата. Меѓутоа тоа не се прави вака, ужасно, настегано. Не се прави така со тоа џемперче и таа фејк сукња со таа Богородица доле ставена. Лоша имитација на „Долче и габана“.Ова е еден од најужасните изгледи, а вие кои имате пола мозок највероватно ќе ви се допадна ова и ќе сакате вака да изгледате со се проѕирните чизмички кои се “ин“. Меѓутоа, целиот овој изглед е многу катастрофален, невкусен, ужасен“ истакна Варошлија.
Во истото издание, Варошлија ја коментираше и Елена Ристеска,а кој ќе биде следен останува да видиме.