Како што и доликува за еден убав почеток на Новата година, веднаш по новогодишните и божиќните празници Пере и екипата влегуваат во студио за да го довршат материјалот за новиот, 4. по ред албум, кој беше најавен, меѓу другото, и со одличната „Кога ме сакаш ти“.
Инаку, 2018 година беше мошне значајна за популарната македонска група „Нокаут“, која својот 20. роденден го прослави со бројни настапи низ Македонија, но и два значајни концерта – на 23 ноември во СРЦ „Кале“ и на 26 декември во хотелот „Мариот“, каде што двочасовниот настап беше преточен во албум во живо. Гости на овој настан беа нивните долгогодишни пријатели и колеги Игор Џамбазов и Гуру Харе, а целата амосфера ја забележаа и камерите на МРТ.