Помладата сестра на Дејвид Бекам, Џоана Бекам (36) заврши на полиција откако нејзиниот сопруг Крис Донели (33) објави дека физички го нападнала и го погодила во главата со далечинскиот управувач.
Донели кој беше ѕвезда на британскиот “Големиот брат”, се скарал со сестрата на Бекам со која имаат бебе, по што таа го удрила со далечинскиот управувач. Откако добил модринки и “слива” под окото, тој пријавил напад од сопругата во полиција.
View this post on Instagram
Караницата настанала за пораките што Џоана сметала дека се доказ за неверство, објави “Дејли мејл”.
View this post on Instagram
Бекам ги платил најдобрите адвокати, па случајот мора да оди на суд, но полицијата, по испрашувањето, сепак одлучила да не преземе понатамошни чекори против неа.